Скај њуз: Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот на британскиот министер за одбрана

Се верува дека Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот што го користел британскиот министерот за одбрана Грант Шапс за да патува од Полска назад во Британија, пренесе Скај њуз.

Пријавено е дека GPS сигналот бил попречен околу 30 минути додека авионот летал блиску до руската балтичка ексклава Калининград.

Мобилните телефони повеќе не можеле да се поврзат на интернет и авионот бил принуден да користи алтернативни методи за да ја одреди локацијата.

Шапс денеска спроведува еднодневна посета на источна Европа за да се сретне со војниците на ОК што учествуваат во вежбата „Стедфест Дифендер“.

-Одбранбените извори велат дека немало опасност за авионот и пилотите користеле алтернативни методи за навигација, пишува Скај њуз.

Прочитајте и:  Британија сега е директно вклучена во војната во Украина, вели рускиот амбасадор во Лондон
- Реклама -