Систем кој следи колку пати посетувате одредена продавница (видео)

Во Јапонија NEC создале систем за препознавање лица наменет за трговци кој ќе им помогне во одредување на возраста и полот на купувачите и ќе одредува колку често посетуваат одредена продавница.

Насобраните податоци ќе им помогнат на продавачите да анализираат трендови и да знаат кој точно ги посетува нивните продавници и што можат да направат за да привлечат нова посета.

И бидејќи податоците за купувачите се споделени помеѓу сите продавници од еден ланец, не е важно во која продавница купувате. Системот ќе ве препознае без оглед каде купувате.

- Реклама -