Симптоми кои можат да се појават неколку дена пред мозочен удар

Мозочниот удар подразбира ненадејно невролошко нарушување, предизвикано од нарушување на церебралната циркулација, поради што има недоволно снабдување на одредени делови од мозокот со кислород и хранливи материи.

Ваквиот недостаток на кислород и хранливи материи предизвикува оштетување и смрт на нервните клетки, што резултира со оштетување на мозокот и губење на функциите кои дел од мозокот ги контролира.

Исходот често зависи од тоа колку брзо пациентот добива медицинска нега. Важно е да знаете дека постојат симптоми кои може да укажуваат на претстојниот мозочен удар.

Лондонскиот невролог, Владимир Мартинов откри знаци кои можат да се појават неколку дена или дури две недели пред мозочниот удар.

Според докторот, треба да се внимава ако наеднаш некој почне да чувствува слабост или вкочанетост во еден дел од телото. Исто така, треба да се консултира лекар ако се појават краткорочни потешкотии во говорот, ненадејно влошување на видот, губење на видот или двојно гледање, вртоглавица, губење на координација и свест или силни главоболки.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Најголем ризик фактор за мозочен удар е неконтролираното висок крвен притисок. Други фактори на ризик се висок холестерол, покачен шеќер во крвта, атријална фибрилација, дијабетес, физичка неактивност, дебелина, лоша исхрана, семејна историја на срцеви заболувања и семејна историја на мозочен удар, пренесe Klix.

- Реклама -