Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денеска изјави дека Пекинг е „подготвен за поцврсто партнерство“ со Москва со цел да се „одржи меѓународната енергетска безбедност“.
„Кина е подготвена да работи со Русија за да воспостави уште посилно енергетско партнерство и да го промовира развојот на чиста и зелена енергија и заеднички да ја одржува меѓународната енергетска безбедност и стабилноста на индустриските синџири“, наведе Си.
Тој, според кинеските медиуми, посочи и дека Кина и Русија ја „зајакнале комуникацијата и координацијата“ и ја „демонстрирале силната отпорност на кинеско-руската енергетска соработка и широкиот обем на сеопфатно кинеско-руско координативно партнерство за новата ера“.
МИА