Во некои градови во Европа во тек е една интересна трансформација – ги отстрануваат сите сообраќајни знаци. На нивно место го ведуваат дизајн-концептот наречен „shared spaces“, т.е. заеднички простори каде сите учесници во сообраќајот и сите видови на транспорт го споделуваат просторот и го користат патот истовремено.
Постојат докази дека возачите често тотално ги игнорираат сообраќајните знаци, што резултира со лажно чувство на сигурност кај пешаците, на пример. Со отстранување на сите семафори, знаци и бариери, се покачува чувството на ризик, и во теорија, тоа вродува со повеќе свест и повисок степен на внимателност на раскрниците. Крајниот резултат од тоа е побезбеден сообраќај.
Концептот на споделени простори е дел од еден поширок тренд – обид што поголем дел од улиците да се направат погодни за пешачење, т.е. да им се одземе доминацијата на автомобилите. Тоа особено важи за големи градови како Барселона, каде тешкиот сообраќај се забранува во цели квартови (наречени „суперблокови“).
Досега има солидни докази дека споделениот простор како концепт всушност работи. По отстранувањето на сообраќајните знаци, во Ипсвич стапката на сообраќајни несреќи кои резултирале со повреди е опадната од 23 во три години – на само 1 годишно. Повредите кај пешаците на Лондонската Kensington High Street се намалени за 60%. Во Драхтен, Холандија, несреќите на една таква раскрсница се опаднати од 36 во 4 години, на само 2 во 2 години.
Иако во теорија звучи супер, во пракса отстранувањето на сообраќајните знаци, барем во ваква форма, резултира со голем ризик за најранливите: децата, лицата со инвалидитет и особено слепите. Тоа е и најжестокиот фронт во дебатата „за“ и „против“ заедничките простори без сообраќајна сигнализација. Таа дебата особено се вжешти во Британија, откако слеп пензионер беше загина при удар од автобус на една таква раскрница. Како резултат, критичарите повикуваат привремено да се блокира воведувањето на нови споделени простори.
Но сепак, на решенија се работи и во моментов. Алтернативи има. Една од нив можеби се и интерактивните пешачки премини, кои би овозможувале воспоставување на пешачки премин или друга сигнализација по потреба, кога патот го користат лица на кои им е неопходна.
Како и да е, ѕирнете ја видео анализата на Vox.