Интерактивни LED пешачки премини, за побезбедни градови

Пешачкиов е дизајниран да се појавува и исчезнува по потреба на пешацитте, велосипедистите и возачите. Целта е да се зголеми безбедноста преку динамична активација.

Интерактивната површина е сместена под пластични панели високоотпорни на импакт, а светлата се активирани од мониторинг камери со имплементирана смарт технологија. Со други зборови, детектираат кога има потреба и кој има потреба од поминување, па реагираат соодветно. На пример, осветлуваат пешачки премин, а во најпрометните часови – кога има многу пешаци, можат и да го прошират.

Во суштина, се работи за пософистицирана верзија на сообраќајните сигнали, која може да ги предупреди учесниците во сообраќајот на новонастанати ситуации, неочекувани пречки и сл., а одговара и на новиот начин на кој ги користиме градовите – читај: зјапајќи во смартфон.

Прототип во реална големина неодамна беше поставен во западен Лондон. Којзнае, можеби еден ден ќе ги гледаме насекаде.

- Реклама -