Фотографиите кои се најдоа на интернет просторот од следната генерација на Mazda3 се од тестовите на истата некаде на север од Европа. Тоа се првите шпионски фотографии на новиот модел, кој очекуваме да се појави следната година.
Она што беше најавено и што се знае е дека новата „тројка“ ќе добие комплетната технологија Skyactiv – мотори, трансмисија и платформа. Формите се создадени по мотиви од дизајнерскиот јазик на јапонската марка Kodo, која веќе ја видовме кај новите CX-5 и Mazda6.
Според информациите новата Mazda3 ќе користи платформа на CX-5, а ќе биде околу 100-200 килограми полесна од претходната генерација. Моделот, кој ќе се нуди како седан и хечбек, ќе добие нови бензински и дизел мотори. Меѓу нив се 2.0-литарски бензински агрегат со моќност од 150 КЅ и 2.2-литарски дизел, во две верзии со 150 и 175 КЅ. Ќе има и спортска верзија – Mazda3 MPS, која ќе се појави една година подоцна.
Очекувањата се дека сериската верзија ќе биде многу слична со возилата на фотките.
Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.