Шапс: Велика Британија треба да се подготви за нови војни кои ги вклучуваат Кина, Русија, Северна Кореја и Иран

Велика Британија треба да се подготви за нови војни кои ги вклучуваат Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, кои би можеле да избијат во следните пет години, истакна британскиот министер за одбрана Грант Шапс.

Тој рече дека светот преминал во „предвоена фаза“ и ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана. Шапс посочи дека противниците на Западот се вооружуваат себеси и нивните сојузници, создавајќи „многу поопасен свет“.

Тој рече дека Иран збогатил ураниум до 83,7 отсто во својата потрага по нуклеарно оружје. Тој исто така рече дека Русија користи севернокорејски балистички ракети за да ја нападне Украина и предупреди дека Кина ги следи постапките на Западот во Украина по изборите во Тајван.

„Додека Русија ја продолжува својата нелегална кампања во Украина, Кина проценува дали Западот ќе го изгуби трпението“, рече Шапс.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

„За пет години би можеле да гледаме повеќе конфликти кои ги вклучуваат Русија, Кина, Иран и Северна Кореја. Запрашајте се, гледајќи ги денешните конфликти ширум светот, дали е поверојатно бројот на конфликти да се зголемува или намалува? Претпоставувам дека сите го знаеме одговорот – веројатно ќе расте. Тие комбинирани закани може да доведат до колапс на меѓународниот поредок заснован на правила, воспоставен за зачувување на мирот по Втората светска војна. Затоа, денешниот свет е, за жал, многу поопасен“, предупреди Шапс.

Тој рече дека Велика Британија во голема мерка ќе ги зголеми трошоците за одбрана. Тој најави распоредување на 20.000 воен персонал низ Источна Европа, предупредувајќи дека „ерата на мирот“ по Студената војна е завршена.

МИА

- Реклама -