Сè уште сме далеку од поседување на роботи како домашни помошници, и тоа е делумно поради неможноста за создавање на робот кој ќе биде доволно паметен да научи едноставни задачи.
Но во нов истражувачки проект на Маја Чакмак од Georgia Tech покажала дека наскоро секој од нас ќе може да започне програмира основни задачи – без никакво претходно знаење за роботика или програмски јазици. За овозможувањето на оваа идеја Чакмак употребила систем за мобилна манипулација познат како PR2 – агилен робот со две раце и канџи со кои може да изведува едноставни задачи.