Утрово SEAT го претстави новиот Leon SC на саемот за автомобили во Женева. Leon SC ја сочинува втората фаза од лансирањето на компактни автомобили во фамилијата на шпанскиот бренд, кој за првпат нуди повеќе од една верзија на каросеријата. Новата верзија со три врати ќе биде од помош за зголемувањето на продажбата на Leon од причина што ќе го зголеми покритието на SEAT на пазарот во најпопуларниот сегмент во Европа, а исто така ќе ги задоволи потребите на новите клиенти кои сакаат едно поспортско возило со врвна функционалност.
Пред крајот на годината, SEAT исто така ќе ја лансира и караванската верзија на Leon. Утрово, претседателот на SEAT, James Muir го претстави Leon SC како возило кое е “дизајнирано да биде еден од најубавите автомобили во својот сегмент”. Muir го потенцираше одличниот прием на верзијата на Leon со пет врати, која беше претставена на саемот за автомобили во Париз. “До ден денес, испорачавме речиси 10,000 возила, а во моментов имаме нарачка од преку 15,000 возила”.
Muir додаде дека SEAT “работи на големи трансформации во својорт бренд преку постојано производство на модерни атрактивни и високо конкурентни производи. Но, ова е само почетокот. SEAT подготвува уште многу нови изненадувања кои ќе предизвикаат голема возбуда кај нашите клиенти и уште повеќе ќе го изгради нашиот бренд како силен соработник во стратегијата за раст на Volkswagen групацијата”.
Исто како и верзијата со пет врати, новиот Leon SC ќе се произведува во Марторел (Барселона) со помош на револуционерната MQB платформа на Volkswagen групацијата. Во споредба со верзијата со пет врати, Leon SC има за 35mm пократко меѓуоскино растојание. Употребата на најсовремени материјали во производствотого прави Leon SC најлесното возило во својата класа – имајќи 110 kg помала тежина од своите претходници, со што обезбедува подобро управување и ефикасност. Како и верзијата со пет врати, Leon SC е опремен со мотори од 86 до 184 hp. Моторот 105 hp 1.6 TDI CR со Старт/Стоп систем има емисија на CO2 од само 99gms/km.
Новиот Leon SC ќе се најде во продажба почнувајќи од мај.Производната офанзива ја подобри продажбата. На почетокот на оваа година SEAT започна да ги чувствува придобивките од лансирањето на новите Mii, Ibiza, Toledo и Leon во 2012г. Во јануари и февруари испораките на SEAT ширум светот имаат пораст од околу 14%, со многу значајни
подобрувања во Германија, Шпанија, Обединетото Кралство, Мексико и Алжир.
Вредно е да се напомене дека SEAT е најбрзо растечки автомобилски бренд во Германија влегувајќи во кругот на топ 10 компании.