„Се разгледуваат опции“ за иднината на Газа по Хамас, вели Блинкен

САД и други држави разгледуваат различни опции за иднината на Појасот Газа откако Хамас ќе престане да ја контролира палестинската територија, изјави синоќа американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Блинкен рече дека сегашниот статус на палестинската исламистичка група Хамас во густо населената енклава не може да продолжи, но ниту Израел не сака да владее со Газа.

Помеѓу тие две позиции имаше „разни можни пермутации кои сега многу внимателно ги набљудуваме, рече тој.

Она што најмногу би имало смисла, додаде тој, би било „ефикасна и ревитализирана палестинска администрација во Газа“, но прашањето, вели тој, „е дали тоа може да се постигне“.

„А ако тоа не може да се постигне, има и други привремени аранжмани во кои може да се вклучат и други земји од регионот. Тоа би можело да вклучи меѓународни агенции кои ќе помогнат за безбедност и управување“, рече Блинкен.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

МИА

- Реклама -