СДСМ: За да оди на ТВ дуел, Мицкоски прво треба да каже зошто е против НАТО и ЕУ и која е алтернативата

Фото: Ѓ. Личовски

„За да може да учествува на каков било ТВ дуел Христијан Мицкоски прво треба да собере храброст и да каже јасен став за најважните прашања за иднината на Македонија, за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа“, порачуваат од СДСМ како одговор на повикот на Мицкоски до Заев да учествуваат на ТВ дуел.

„Мицкоски, охрабри се, кажи јасен став, која е алтернативата на ЕУ и НАТО?

Мицкоски, кажи зошто си против НАТО, зошто си против ЕУ?

Освен што ги брани криминалите на неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски досега не кажал јасен став за најважните прашања, дали е за членство во ЕУ и НАТО преку прифаќањето на Договорот од Преспа. Напротив, со своите јавни настапи, со своите активности Мицкоски јасно се профилира анти ЕУ и анти НАТО.

Прочитајте и:  Филипче ѝ го честиташе изборот на Шекеринска: Уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ со членството во НАТО

Со таквите ставови, Мицкоски покажува дека е дел од антизападната матрица на некогашниот сопартиец Филип Петров, некогашниот коалициски партнер Јанко Бачев и гласноговорникот на режимот, Миленко Неделковски“, стои во соопштението на СДСМ.

Од СДСМ го повикаа Мицкоски да одговори и за неговата улога како прв човек на кадровата комисија на ВМРО-ДПМНЕ, односно дали учествувал и во изборот на партиски кадри кои го координирале нападот врз Собранието на 27 април.

- Реклама -