Home Локал СДСМ: Лажниот левичар Апасиев е продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира сѐ што е во интерес на граѓаните

СДСМ: Лажниот левичар Апасиев е продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира сѐ што е во интерес на граѓаните

0
СДСМ: Лажниот левичар Апасиев е продолжена рака на Мицкоски, кочи и блокира сѐ што е во интерес на граѓаните

„Лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните“, истакна денеска Стефан Васев од СДСМ на партиската прес-конференција.

Од СДСМ обвинуваат дека пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, се продолжена рака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и исто како и пратениците на најголемата опозициска партија, кочат закони важни за граѓаните.

„Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар. Толку од грижата за граѓаните, за работниците, од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија.

Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на сѐ, малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновирање на семејната куќа во Велес. Додека добиваат државни, народни пари, Апасиев и Левица во Собранието работат на директна штета на оние кои ги плаќаат, на директна штета на граѓаните“, рече Васев.

Блокади, лажни вести, гол популизам, тоа е сѐ што нуди „оваа лажна левичарска партија предводена од лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев“, тврдат од СДСМ. Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните, сметаат тие.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here