
Димитријевиќ, во изјава дадена во Битола, рече дека граѓаните се соочуваат со загриженост и неизвесност околу своите пари, заштеди и финансиска сигурност.
Тој тврдеше дека експозитурите не работат, а банкоматите се празни или се чека со часови, поради што, како што рече, пензионерите не можат да стигнат до своите пари.
Според него, прв чекор кон решавање на случајот е оставка на Трајко Славески и отворање истрага. СДСМ истовремено побара целосно расчистување на случајот и утврдување одговорност.



