СБ на ОН ја усвои американската резолуција за примирје и ослободување на заложниците во Газа

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата.

Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана.

Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите направени на текстот, објави Тајмс оф Израел.

Палестинската исламистичка група Хамас, нејзиниот сојузник – групата Исламски џихад – и нивниот ривал Палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја поздравија резолуцијата усвоена од СБ на ОН со која се поддржува предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

Во соопштението Хамас објави дека е подготвен да соработува со посредниците за спроведување на принципите содржани во планот.

- Реклама -