Самсунг го претстави НХ мини, најтенкиот и најлесен фотоапарат во светот со променлив објектив.
Фотоапаратот има две камери и ЛЦД екран и е специјално дизајниран за правење „селфи“ фотографии. Камерите се вртат за 180 степени, така што може да се гледате додека правите фотографии.
НХ мини има тенок широкоаголен објектив од девет милиметри, така што може да прави групни фотографии со одалеченост колку должина на човечка рака.
Фотоапаратот е совршен за сите „трендсетери“ кои бараат забавен начин на кои да ги зачуваат моментите од својот живот преку врвни фотографии.