Samsung објави дека наскоро на пазарот ќе биде пуштен во продажба лаптоп кој ќе ја има најдобрата резолуција на екран. Компанијата откри дека дисплејот ќе биде QHD со 13 инчи, а ќе има резолуција од 3200х1800 со густина на пиксел од 276ppi.
Пикселите на екранот на новиот панел на Samsung се спакувани многу поблиску и од Chromebook Pixel на Google и MacBook Pro на Apple кој има Retina дисплеј. Претходно, најдобра резолуција на екран имаше Chromebook Pixel со 2560х1700 и густина на пиксел од 239ppi, додека Retina MacBook Pro има 2560х1600 пиксели на екран со густина на екран од 227ppi.
Samsung потврди дека неговите екрани држат 30% повеќе батерија од LCD дисплејот. Компанијата се уште не даде конкретна информација кога ќе се појават овие екрани во идните производи, но очекуваме тоа да се случи наскоро.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk