Во вториот квартал од оваа година, Samsung успеа да го ‘украде’ долго-трајниот епитет на Apple и стана најпрофитабилна компанија за потрошувачка електроника во светот.
Компанијата забележа неревидирана заработувачка на почетокот од овој месец и потврди дека својата квартална добивка се искачи на рекордни 8.3 милијарди долари. Откако, Apple денес ги објави своите квартални приходи, утврдено е дека профитот на компанијата за јунскиот квартал изнесува 6.9 милијарди долари, што е за 17% помалку од Samsung.
Според претходниот извештај, Samsung испорачал рекордни 71 милиони уреди на смартфони во вториот квартал, надминувајќи ги оние на Apple со продажбата на iPhone од 31 милиони уреди.
Apple последен пат лансираше нов мобилен уред пред 8 месеци, така да наскоро се очекува компанијата да ги претстави своите новитети, вклучувајќи ги комплетно редизајнираниот iPad и долго-очекуваниот iPhone 5S, со кои продажбата на Apple нагло би се зголемила.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk