Samsung го надоградува Chromebox со i5

Chromebox, мини компјутерот на Samsung кој работи под Chrome оперативниот систем, беше критикуван дека не е доволно моќен према цената што се продава. Од Samsung реагираа на време со пуштање на нова верзија на Chromebox со побрз процесор.

Наместо бавниот Celeron процесор кој досега одеше, во новиот Chromebox има 2.5 GHz двојадред интелов i5 процесор.Останатите спецификации се исти со претходниот модел: 4GB меморија и 16Gb SSD. Цената на овој модел е 405$, за разлика од претходниот кој чини 329$.

- Реклама -