Салата диета за брзо топење на килограмите

Ретко се држите до правилата, не сакате да готвите, а сепак сакате да ослабете бар некој килограм? Идеално решение за вас ќе биде диетата со салата.

Овој режим на исхрана е веројатно еден од наједноставните, а лесно ќе ви помогне да изгубите околу три килограми за еден месец.

Диетата со салата за базира на две основни правила. Првото говори дека доколку сакате да ослабете, мора да ги замените високо калориските оброци со неколку полесни, а другото вели дека мора да вклучите салатите во секојдневното мени и така да го намалите бројот на калории што го внесувате секој ден.

Со оваа диета може да ослабете најмалку три килограми за еден месец, а овој број се зголемува во зависност од придржувањето до правилата и од степенот на физичка активност што ќе го практикувате.

Најдобрата страна на оваа диета е тоа што нема многу работи за паметење. Дел од главните оброци што и онака ги јадете заменете ги со салата. Тоа правете го постепено, додека не дојдете до точката во која најмалку еден дневен оброк ќе го замените со салата.

Прочитајте и:  Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Уште една добра работа е фактот што навистина нема потреба да гладувате додека се држите до овој режим. Одберете салата што најмногу ви се допаѓа, но не заборавајте повремено и да експериментирате. Наместо обична шопска, јадете мимоза или некоја егзотична салата во која ќе ставите јаболко, мандарини или калинка. Сепак, внимавајте на сосовите и преливите со кои ќе ја служите, но и на тешките додатоци како препечен леб или пармезан што ќе ги додадете во салатата.

Исто така, веројатно не треба да се споменува фактот дека за подготовка на која било салата доволни се само десет минути.

- Реклама -