САД: Иран ќе се соочи со значајни последици ако испорача балистички проектили на Русија

САД денеска упатија предупредување дека Иран ќе се соочи со значајни последици ако одлучи да испорача стотици балистички проектили на Русија.

– Подготвени сме да дадеме брз и силен одговор ако Иран се впушти во пренос на балистички ракети, изјави пред новинарите во Вашингтон, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.

Според него, САД веруваат дека тоа „ќе претставува сериозна ескалација на иранската поддршка на рускиот агресивен напад против Украина“.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -