САД имаат план доколку Русија започне нуклеарен напад, Москва точно знае што ќе значи тоа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици“. Тој потврди дека САД имаат план во случај да се случи нешто такво.

Блинкен одби да прецизира каков ќе биде американскиот одговор.

Тој информираше и дека американски претставници го повикале Кремљ да „престане со приказната за нуклеарно оружје“.

Вчера, пак, советникот за национална безбедност на Белата куќа – Џејк Саливан, во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес, откри дека високи функционери на американската администрација ѝ порачале на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и дека Вашингтон ќе одговори одлучно.

„Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници би одговориле многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни што ќе значи тоа“, рече Саливан.

Прочитајте и:  Анкета на Галуп: Над половина од Украинците сакаат крај на војната со преговори што поскоро, опаѓа оптимизмот за членство во ЕУ и НАТО

Минатата недела, пак, „Вашингтон Пост“ објави дека САД веќе неколку месеци, во приватна комуникација со Москва, ги предупредувале руските лидери за тешките последици што следуваат ако Русија употреби нуклеарно оружје.

- Реклама -