На рускиот полуостров Камчатка живеат Ителмените, мала етничка група од 1.500 луѓе во блиско генетско сродство со индијанците од Алјаска и народот Навахо.
На рускиот полуостров Камчатка живеат Ителмените, мала етничка група од 1.500 луѓе во блиско генетско сродство со индијанците од Алјаска и народот Навахо.
Нивното име е руска адаптација на етничкиот израз „ителмен“ кој значи „егзистира“ или „живее овде“. Бројни антрополошки студии откриваат дека најблиските генетски сродници на Ителмените се индијанците од племето Тлингит во Алјаска, факт што не изненадува – тие се населиле на полуостровот пред Беринговиот мореуз да ја оддели Азија од Северна Америка.
И двете етнички задници имаат ист бог – гавранот Kutkh – создавачот на Земјата и сè што живее на неа. Друго карактеристично божество на локалните жители е Mitg – господарот на морето, за кое веруваат дека на луѓето им го подарил главниот извор на храна – рибата. Ителмените имаат многу сродности и со уште едно познато индијанска етничка група – народот Навахо.
Ителмените, заедно со Корјаците, уште еден староседелски народ, го населуваат Камчасткиот крај во Русија. И покрај тоа што се малцинство, Ителмените се сметаат себеси за еден вид на аристократија, во споредба со Корјаците. Веројатно тоа е така заради тоа што историски тие повеќе се занимавале со различни занаети за кои биле потребни различни вештини, наместо со лов. Денес тие се повеќе едуцирани од другите староседелски етнички групи на Камчатка. Но, сè уште не отишле подалеку од примитивниот начин на живеење во заедница.
Јазикот на кој зборуваат Ителмените е исто така специфичен. Во почетокот на 20 век тој се изучувал во локалните училишта и бил карактеристичен по тоа што се пишувал со латинично писмо. Кога во 1936 година луѓето што живееле на советска територија биле принудени да почнат со употреба на кирилично писмо, Ителменските учители не ја прифатиле оваа реформа, па така се прекинало изучувањето на овој јазик во официјалните училишта. Денес тој изумира со голема брзина – само 900 луѓе зборуваат ителменски како мајчин јазик.
Фотографиите кои можете да ги видите овде беа изложени во Москва, на изложбата насловена како „Ителмените – Индијанците од Русија“ која беше отворена од сегашниот шаман и етничката фолклорна група на Ителмените.