Rolls Royce лансира ново купе

Офанзивата на компанијата Rolls Royce на пазарот на луксузни автомобили продолжува со не толку скап модел.

Се очекува наскоро англискиот производител да пушти во производство ново купе, создадено врз основа на компактниот седан Ghost. Прототип на новиот автомобил беше виден и снимен за време на тестовите по улиците на Минхен.

Тој ќе го носи името Cornichе, истото име како и модификацијата со две врати и отворен покрив која Rolls Royce ја произведуваше во 70-тите години на минатиот век. Интересно кај новиот модел е што вратите ќе се отворат спротивно од правецот на движење.

Автомобилот е надграден врз  модифицирана платформа од моделот BMW Ѕeries 7. Тој ќе добие 6.6 литарски V12 твин-турбо мотор со моќност од 570 КЅ и максимален вртежен момент од 780 Nm. До стотка оваа купе изведба ќе забрзува за помалку од 5 секунди.

Очекувањата се Rolls Royce Cornichе да се појави пред публика на некој од големите автомобилски салони во 2013 година и најверојатно тоа ќе се случи во текот на есента, во Франкфурт. Во сериско производство возилото ќе тргне во 2014 година.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -