Роботската мазга на Boston Dynamics сега може да следи водач (видео)

Boston Dynamics и понатаму го рафинира својот Legged Squad Support System, роботската мазга наследник на Big Dog.

Новата верзија на морничавиот робот кој ќе им помога на американските војници кога ќе биде завршен, доби неколку нови интересни елементи. Сега роботот е доволно паметен да го следи тимот војници што е доста важна функција бидејќи нема да има потреба од војник кој би го контролирал. А наводно роботот е и доволно интелегентен да следи патеки и да соработува со неговите роботски браќа.

{youtube}R7ezXBEBE6U{/youtube}

Сепак, поради некоја причина сè уште е смешно да го гледате како се движи. Но ако се соочите со овој робот во војна најверојатно нема да ви биде толку смешно. Исто така новиот дизајн се чини и како потивок од претходникот, но тоа би можело да биде поради нивото на звукот во видеото.

За разлика од автомобилите или камионите, робо-мазгата може да се движи низ секаков терен, носејќи околу 180 килограми товар и да патува околу 32 километри со едно полнење на резервоарот.

- Реклама -