Оваа мала канџа направена од селотејп еден ден би можела да обезбеди евтина алтернатива за канџите вградени на истражувачки роботи.
Канџата е дело на Мануел Очоа од Пурду Универзитетот кој забележал дека селотејпот, кој го користел за собирање на примероци од полен, имал тенденција да се витка кога бил изложен на влага. Се чини дека мазната страна на самолепливата лента собира вода и се шири додека лепливата страна ја одбива водата со што лентата се витка.
Користејќи ласер за да ја намали лентата на една десеттина од нејзината оригинална дебелина, истражувачите од Пурду успешно ја претвориле во функционална канџа која можа да супотреби за фаќање и држење на мали капки вода и минијатурни примероци.
А со обложување на лентата со железни наночестички, затворената канџа може да биде поврзана за обичен магнет. Нормално, ќе треба многу време додека овој метод да биде применет на истражувачки роботи упатени кон Марс, но во секој случај NASA би можела да заштеди многу пари. [Scotch tape finds new use as grasping ‘smart material’]