Да се биде заглавен во инвалидска количка е поразително од многу причини, но за среќа UPnRIDE Robotics дојдоа до иновација која може да олесни дел од нив. Нивната инвалидска количка преминува од режим на седење во режим на стоење за само неколку секунди. Со тоа има бројни позитивни придобивки, од суштински како таа да го намали ризикот од болести предизвикани од долгото седење, па до можност да се чувствувате како достојно човечко суштество со тоа што сте исправени на иста висина со соговорникот.