Рено ни ја освежи меморијата (видеа)

Со концептот A110-50, кој беше претставен во Монте Карло, за време на F1 викендот, Рено одново ја заживеа малку подзаборавената марка Alpine.

Некогаш жареа и палеа на спортските патеки и предизвикуваа емотивни реакции каде и да се појавеа, но моделите од оваа марка одамна тргнаа на патот кон заборавот. За да не остане таму подолго од само едно поглавје во историјата на автомобилизмот, Рено одлучи за 50-от роденден на моделот A110, одново да ја оживее легендата.

{youtube}Jowclum0Je0{/youtube}

За возбудливиот изглед е најдена одлична основа во електричниот DeZir, претставен пред две години на салонот на автомобилите во Париз. Под неговата моќно развлечена каросерија од јаглеродни влакна се крие механиката на тркачкиот Megane Trophy, засилена со 400 КС моќниот 3,5 литарски V6 мотор од Nissan, кој преку секвенционален шестстепен менувач и самоблокирачки диференцијал ги задвижува задните тркала до неспецифирани брзини.

{youtube}S70-MISsHE4{/youtube}

За да се подобри возбудата во возењето не се вградени никакви електронски системи за помош на возачот, дури ниту ABS, а вратите кои се отвораат нанагоре, спортски фокусираниот кокпит, тркачките елементи како што се рол-барот, управувачот и седишта и одредени технолошки карактеристики преземени од болидите на Формула 1 ја заокружуваат целосната функционалност на ова возило.

Рено не објави планови за производство на Alpine A110-50. Неговата идејна инспирација, оригиналниот Alpine A110, се произведуваше од 1962 до 1977 година.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -