Нов рекорд за слободен пад со брод (видео)

Ако се најдете на нафтена платформа и се случи несреќа, тогаш евакуацијата мора да биде што е можно побрза. А ако таа нафтена платформа е една од огромните платформи во северното море тоа би значело слободен пад од 60 метри.

Производителот на бродови за спасување, Schat-Harding, се справил со тој проблем. Нивниот FF1200 дизајн преживеал тест на симулиран пад од 60 метри носејќи тежина еквивалент на 70 патници. Дизајнот го поминал тестот без проблем и сега го носи рекордот за највисок слободен пад на ваков брод.

{youtube}Ly05OF6OAWc{/youtube}

„FF1200 се справи со височината на одличен начин“ изјавил претседателот на компанијата Геир Арне Вегло. „FF1200 влезе во водата под идеален агол и брзо се одалечи од платформата.“

- Реклама -