Реџепи: Ние како Албанци жртвувавме многу национални интереси за ЕУ, сега е време другите да се жртвуваат

Изјавата на премиерот Зоран Заев – дека ако Бугарија остане на своите барања граѓаните треба да се подготвени дека можеби и нема да започне првата меѓувладина конференција со ЕУ, е многу песимистичка изјава за сите граѓани на земјата, смета пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива. Според албанскиот опозициски блок, владата е одговорна за „потфрлување во надворешната политика“, пренесува „Алсат“.

„Тоа е многу песимистичка изјава за сите граѓани на земјата, особено со оглед на фактот дека ние како Албанци во текот на 3 децении жртвувавме многу национални интереси за целите на евро-атлантските интеграции. Сметаме дека сега е време другите да се жртвуваат“, вели Реџепи.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Според него, претходно имало подготвеност од двете страни за компромис, „но конецот некаде бил изгубен“.

„Владата мора да преземе одговорност и да остави простор за оние што можат да најдат компромис, бидејќи интеграцијата во ЕУ за нас како граѓани и Албанци е бескомпромисна“, порачува Реџепи.

- Реклама -