Range Rover станува полуксузен и поскап бренд

Следната генерација на Range Rover ќе биде далеку полуксузна и поскапа. Ова го изјави бренд-директорот на англиската марка, Џон Едвардс, за весникот Auto Express.

Според неговите зборови, компанијата планира да го крене Range Rover во уште повисок ценовен сегмент, за да може да им конкурира на идните изведби во оваа категорија, најавените СУВ изданија на Bentley, Lamborghini, Maserati… Новата сериска верзија на британската икона во класата на луксузни теренци ќе се појави во текот на 2015-2016 година, а се очекува цената да биде околу 200.000 евра.

-Range Rover е возило со огромен потенцијал, кој може да си дозволи да се искачи на повисоко скалило, објаснува Едвардс. – Доказ за ова е дека најскапите и најлуксузните верзии на претходниот модел уживаат огромна популарност меѓу клиентите.

488_2013-Range-Rover-470-1

Едвардс ја посочи како пример од претходната генерација на теренецот, варијантата Ultimate Edition, која се продаваше по цена од 145.000 евра. Првично компанијата предвидуваше да пушти само 200 примероци од ова остварување, но поради големиот интерес нивниот број достигна 700. Во сегашната генерација на Range Rover има верзија Autobiography, чија почетна цена е 115.000 евра. Ако се додадат дополнителни опции, износот надминува 140.000 евра.

-Досега мислев дека цена од околу 99.000 фунти (115 000 евра) е лимит за нашиот теренец, но сега сметам дека Range Rover може да постигне многу повисоки вредности, категоричен е Едвардс. – Овде треба да објаснам, дека зголемувањето на цената, барем според мене, треба да се постигне со развој на повеќе можности за персонализација на возилото, додека појавата на помоќни мотори ќе остане во втор план.

786_2013-Range-Rover-470-2

Вреди да се напомене дека во моментов најмоќниот Range Rover од нова генерација смета на V8 мотор со 510 КЅ. Тоа значи дека тој ќе отстапува во однос на идниот теренец на Bentley, чија најголема моќна верзија ќе биде V12 мотор и околу 600 КЅ.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -