Раѓањето на дете е најчеста причина за неверство кај мажите

Повеќето млади родители ќе се согласат дека покрај радоста, која ја носи раѓањето на дете, тоа може да биде доста стресно искуство.

Недостатокот на спиење, финансискиот притисок и промената во динамиката на семејството се меѓу проблемите  кои многумина ги доживуваат со доаѓањето на бебето, но кај некои тој стрес може да влијае и на романтичноста на  нивната врска.

Раѓањето на дете ја зголемува веројатноста за неверство од страна на мажот.

Истражувањето меѓу 5000  претставници на посилниот пол кои изневеруваат  потврдува   82% од нив започнале да изневеруваат по појавата на децата во бракот.

Имено, тие велат дека  сексот со партнерката  престанал да биде толку страстен по раѓањето на бебето .

23%  користат изговор дека недостигот на сон кај родителите на малите деца довел до проблеми во спалната соба , кои станале подоцна причина за неверство.

18% од учесниците во анкетата изјавиле дека партнерката го насочила целото внимание кон децата и овој недостаток на интерес довел до неверство .

15% од неверните мажи ги  посочиле економските проблеми како извор на проблемите во нивниот брак, а 14% споменале други семејни проблеми како причина за изневерувањето.

Само 22% од 5000-те  мажи биле во втор брак, па изјавиле дека првиот брак бил причината што започнале да изневеруваат.

- Реклама -