„Нашите браќа од РСМ треба да бидат членови на ЕУ, но тоа треба да биде еден одржлив процес во кој искоренувањето на антибугарската реторика, на јазикот на омразата, во кој објективното признавање на историската вистина треба да станат неповратен процес. И тука Бугарија мора категорично да ги брани своите права“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев за БГНЕС, прашан за позицијата на Бугарија.
Радев посочи дека уште само една година по потпишувањето на Договорот за добрососедство побарал да се потпише нов анекс бидејќи немало напредок по тоа прашање.
„Пред една година, во септември, свикав итен консултативен состанок со претставниците на владата, каде настојував да се изработи национална рамковна позиција во која јасно ќе се постават нашите услови и црвени линии. Продолжувам да стојам зад тоа“, рече Радев.
Според него, сега е неопходно да се почека да стивнат емоциите и бугарската страна да се вооружи со трпение, спокој и разум.