Quadski – возило инспирирано од Џејмс Бонд филмовите (видео)

Ова дефинитивно е возило кое не знаевте дека го сакате сè додека не го видовте. Но за цена од „само“ 40.000 долари и вие ќе можете да бидете сопственик на Quadski.

Авторот на ова возило Алан Гибс, кој претходно создаде и амфибијски автомобил, работел на Quadski веќе две децении, и наскоро ќе започне со продажба на 1000 примероци. Quadski ја добива својата моќ од 1,3 литарски, BMW мотор со четири цилиндри кој создава 175 коњски сили. Максималната брзина на возилото е ограничена на 72 километри на час, што не е лошо за четирицикл кој тежи 590 килограми и е долг три метри.

{youtube}AWBNSYqTcN8{/youtube}

Преодот помеѓу копно и вода наводно е незабележителен, тркалата се подигаат за пет секунди во моментот кога возилото ќе влезе во вода. Гибс тврди дека Quadski може да се движи со полна брзина, да влезе во водата без да забави и да продолжи да се движи со истата брзина.

- Реклама -