Qoros покажа скици на идниот модел

Кинеската компанија Qoros понуди повеќе скици на својот прв модел, со кој има намера да ги „нападне“ пазарите во Европа.

Надворешноста на седанот е развиена под водство на Герт Хилдебранд, кој претходно беше на чело на дизајнерите во MINI. Токму на овој дизајн ќе се потпрат и следните модели на Qoros. Самиот Хилдебранд го нарече своето дело –„ѓердан“. Во внатрешноста на машината ќе се појави мултимедијален систем со 7.8 инчен екран на допир, и од него ќе се управува со поголемиот дел од функциите на автомобилот. Идејата на луѓето што работеле на моделот, е да биде намален максималниот број на копчињата и прекинувачи на таблата.

Во Qoros се категорични дека нивното дело нема да отстапува на полето на безбедноста на своите европски конкуренти. Ова треба да биде првиот кинески автомобил кој ќе добие пет ѕвезди за безбедност од Euro NCAP. Засега се знае само дека седанот ќе добие 1.6 литарски турбо мотор, произведен од компанијата Chery, кој ќе може да се комбинира со 6-степен рачен или со селективен менувач со двојна кохезија.

Новиот модел ќе биде прикажан на салонот во Женева во март следната година, заедно со уште два концепти на Qoros. Веднаш по своето деби моделот ќе се продава во Кина, а во Европа ќе пристигне во 2014 година.По него треба да излезат хечбек со 5 врати и кросовер. Компанијата Qoros е основана во 2007 година како резултат на соработката меѓу кинеската компанија Chery и израелскиот холдинг Israel Corporation. Студиото за дизајн на Qoros е во Минхен, како во неа работат поранешни дизајнери и инженери на BMW и Volkswagen.

 

- Реклама -