Путин се закани со „молскавичен одговор“ на каква било надворешна интервенција во војната

Рускиот претседател Владимир Путин вети „молскавичен одговор“ доколку некој сака да интервенира надвор од Украина и да претставува стратешка закана. Тој го истакна ова пред пратениците во Санкт Петербург, кои се собраа во палатата Таурид.

Тој увери дека Русија има алатки за можен одговор кои нејзините противници ги немаат.

„За тоа ги имаме сите потребни алатки – оние со кои никој не може да се пофали во моментов. И нема да се фалиме, ќе ги искористиме ако треба. Сите одлуки за ова прашање се веќе донесени“, рече Путин.

Според Путин, сите цели и задачи на „специјалната операција“ во Украина, како што тој ја нарекува инвазијата, ќе бидат исполнети.

Прочитајте и:  Рубљата со најслаба вредност од инвазијата врз Украина, руското МФ тврди дека тоа е одлично за финансирањето на војната

„Нашите војници и офицери спречија реална опасност над нашата земја, спречија конфликт од големи размери што би се одвивал на нашата територија во странско сценарио“, смета тој.

Според Путин, „западните непријатели“ планирале економски да ја задушат Русија, но тоа не успеало.

„А пред тоа, западните земји ги охрабруваа сепаратистите на Кавказ. Ним не им треба независна држава, со самото постоење Русија им е закана. Сепак, заканата се тие самите“, рече Путин и додаде дека се сеќава на „варварските планови“ на фашистите за советскиот народ.

Извор: МИА

- Реклама -