Путин бара од НАТО гаранции дека нема да се шири кон исток

Москва, 1 декември 2021 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе бара западни гаранции кои ќе спречат какво било натамошно проширување на НАТО и распоредување оружје во близина на границите на неговата земја, барање што доаѓа поради стравувањата од руска инвазија на Украина.

Украинските и западните власти се загрижени поради распоредувањето руски војници во близина на Украина, наведувајќи дека тоа може да сигнализира намера на Москва за напад, пренесуваат американските медиуми.

Руските дипломати се спротивставија на наводите, изразувајќи загриженост поради военото зајакнување на Украина во близина на зоната на сепаратистички конфликт во источниот дел на земјата.

Зборувајќи денеска на церемонија во Кремљ на примање акредитивни писма од странски амбасадори, Путин нагласи дека Русија ќе бара „сигурни и долгорочни безбедносни гаранции“, пренесуваат американските медиуми.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Рускиот претседател обвини дека „заканите се зголемуваат на нашата западна граница“, со тоа што НАТО ја приближува својата воена инфраструктура до Русија и му нуди на Западот да се вклучи во суштински разговори за ова прашање, додавајќи дека на Москва ќе и треба не само вербално убедување, туку и правни гаранции“.

- Реклама -