Пуканки против овошје и зеленчук заедно

Здравата исхрана само што стана многу покрцкава. Тим истражувачи од Универзитетот од Скрентон во Пенсилванија открил дека пуканките содржат повеќе антиоксиданси од овошје и зеленчуци. Антиоксидансите се субстанци за кои многу научници веруваат дека помагаат во заштитата од рак и срцеви болести.

Според доктор Џо Винсон кој ги претставил резултатите на овогодинешната средба на Американското Хемиско Здружение „пуканките би можеле да бидат совршена ужинка“. Винсон е познат по неговото истражување на микронутриенти во чоколадо, јаткасти плодови и други типови на храна.

Иако претходни истражувања веќе ги откриле антиоксидансите познати како полифеноли во пуканки, студијата на Винсон се фокусирала на количината и открила дека содржи околу двапати повеќе од свежа пченка или овошје по порција. Полифенолите се растворени и до 90 проценти кај повеќето овошја и зеленчуци поради високата количина на вода. Тие се поконцентрирани кај пуканките бидејќи тие содржат само околу 4 проценти вода.

А оние парчиња кои се заглавуваат помеѓу забите?  „Тие се хранлив еквивалент на грутки злато“ додал Винсон. Тој посочува дека сушеното овошје содржи повеќе антиоксиданси од свежо овошје на истиот принцип. Студијата исто така ги фали пуканките и како интегрални. „Ова е единствената стопроцентно необработена интегрална житарка“ вели Винсон. „Една порција пуканки ви носи 70 проценти од дневната потреба на интегрални житарици. Просечното лице конзумира само половина од неговата дневна потреба а пуканките би можеле да ја надоместат разликата со пријатен вкус.“

Прочитајте и:  Диететичар: Почнете да правите 5 „лоши“ работи ако сакате да ги изгубите висцералните маснотии

Винсон предупредува против замена на овошјето и зеленчукот, кои содржат и многу други важни хранливи состојки, со пуканки. Тој исто така предупредува против додавање на путер или шеќер бидејќи тоа ќе ги наруши хранливите придобивки. За добивање на дневната потреба од антиоксиданси и интегрални житарици најздрава опција би била конзумирање на пуканки пукани со топол воздух. Втората најздрава опција е пуканки правени во микробранова печка. [Popcorn contains more antioxidants than fruits and vegetables: The new super snack]

- Реклама -