Први детали за новото Audi A5

Американското издание Automobile дојде до први детали за следната генерација на Audi A5. Главната новина кај моделот ќе биде појавата на 8-степен автоматски менувач со двојна кохезија, кој ќе се комбинира со мотори со поголем вртежен момент од 450 Nm.

Следната генерација на A5 ќе биде надградена на модуларната платформа MLB, а благодарение на употребата на широк спектар на лесни материјали тежината на моделот ќе биде намалена за околу 100 килограми. Во подоцнежна фаза ќе се појави и верзијата Ultra, во која дел од елементите од каросеријата ќе бидат од алуминиум.

Во палетата мотори се очекува да влезат бензинскиот 2.0 литарски TFSI со моќност до 225 КЅ, како и дизелските 2.0 со моќност од 197 КЅ и 3.0 V6 со 272 КЅ и 600 Nm вртежен момент. Ќе има и верзија S5 со 3.0 литарски бензински мотор, во кој моќта ќе се зголеми од 333 на 340 КS. Најбрзата модификација – RS5, ќе го замени сегашниот атмосферски V8 (450 КS) со твин-турбо агрегат со моќност од 475 КЅ. Се очекува и појава на хибриден погон, со кој автомобилот ќе може да мине 50 километри, само на електрична енергија. Оваа верзија ќе смета на 2.0 литарски четирицилиндерски мотор со моќност од 225 КЅ, електромотор (65 КЅ), кој ќе ги придвижува задните тркала, комплет батерии и 7-степен менувач со двојна кохезија.

Следната генерација на А5 ќе се појави во 2015 година, а во почетокот на 2016 година ќе излезе и кабриолет верзијата. На крајот на истата година ќе дебитира верзијата Sportback, а сите модификации ќе бидат достапни во варијанти S-Line, S5 и RS5.

 

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -