Првата миксета во светот

Во 1903 година францускиот инженер Леон Гомон добил патент за звучници кои требало да работат со еден од грамофоните на Берлинер за обезбедување звук за филмови.

Во 1910 година тој го демонстрирал неговиот Хронофон систем, кој синхронизирал звук и филм, во Палатата Гомон во Париз. Појачувачот кој користел компресиран воздух, познат како Еглефон, бил дел од целиот систем. Звукот создаден од оваа направа бил доволно силен за публика од 4000 луѓе.

На почетокот најдолгиот филм кој можел да биде синхронизиран со звук бил само 61 метар поради ограничениот капацитет на плочите за грамофон (со проекција од 16 рамки во секунда). За да го надмине овој проблем Гомон ја создал првата миксета која споила две грамофонски плочи. Способен оператор (диџеј) можел да направи скок на нова плоча и да обезбеди горе-долу постојан саундтрек.

- Реклама -