Прва реклама за Nexus 7 (видео)

Продажбата на Nexus 7 е одлична и сега компанијата реши да ја создаде првата видео реклама.

Во рекламата, со наслов “Camping”, се прикажани многуте начини на кои можете да го користите Nexus 7 за време на кампување – гледајте филм, користете го како батериска ламба, играјте шак или читајте книга.

{youtube}qqiSE-ukmgc{/youtube}

Но има еден мал проблем со ова сценарио – Nexus 7 е таблет кој има само Wi-Fi, а за некои од активностите прикажани во видеото е потребна интернет врска. Единствено решение би било спојување на таблетот со смартфон, но некои луѓе би преферирале таблет со 3G/EDGE/GPRS.

Google неодамна престана да прима нарачки за верзијата со 16 GB меморија поради преголемата побарувачка. Интересно е што поевтината верзија со 8 GB е сè уште достапна. Таблетот има quad-core процесор, дисплеј од 1280×800 и работи на најновиот Android – Jelly Bean.

- Реклама -