Првата фотографија на следната генерација на Mazda3 во верзија седан е објавена на повеќе интернет портали и страници.
Засега нема официјални детали за возилото од страна на јапонскиот производител, а се очекува тој да излезе на пазарот веднаш по хечбек варијантата. Седанот ќе добие исти мотори со какви ќе располага и хечбекот.
Тоа значи дека во Европа моделот ќе се нуди со избор од четири мотори – три бензински и еден дизел. Бензинските агрегати се од серијата SKYACTIV-G – 1.5-литарски со 100 КЅ, 2.0 со 120 КЅ и со 163 КЅ. Дизелскиот предлог – SKYACTIV-D, има волумен од 2.2 литри и генерира 150 КЅ. Во Северна Америка автомобилот ќе се потпира на два бензински мотори SKYACTIV-G – 2.0-литарски со 155 КЅ и 2.5 со 184 КЅ. Во подоцнежна фаза ќе излезе и хибридна верзија, како и спортска модификација – Mazdaspeed3.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус