Пристигнува и BMW I5

Новиот модел ќе ја пополни дупката помеѓу компактниот електромобил i3 и хибридниот i8, соопштуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на извори блиски на баварскиот производител. Инженерите на BMW напорно развиваат и разни модификации на двата постоечки екомобили.

Идниот i5 ќе дебитира во 2015 година, според неофицијалните информации, а станува збор за компактен ван, но гласините одат и дотаму дека Баварците планираат да го крстат така електричниот седан, инспириран од i8 дизајнот. Повеќе детали за евентуалната нова изведба врз i-семејството на нема. Во последно време многу повеќе се дискутира за веќе најавените i3 Coupe и i8 Spyder за кои BMW најавува и сериско производство, но веројатно за ова малку ќе причекаме, бидејќи Баварците сакаат да ги видат прво резултатите од продажбата на стандардните i3 и i8.

552_BMW-470-2

На новиот еколошки спектар на Германците ќе им се приклучи и родстер кој BMW развива во соработка со Toyota, односно Z5 и јапонскиот неговиот близнак Supra треба да бидат претставени догодина.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -