Со природни витамини против депресијата

Пред да посегнете по разните видови антидепресиви, пробајте да се излечите со храна и витамини.
Научници од Финска спроведоа истражување чии резултати велат дека едноставната диета или храна богата со фолна киселина може да им помогне на оние личности кои се борат со депресија и лошо расположение. Фолатите или витаминот Б го стимулираат лачењето на допаминот, серотонинот, норепинефринот – хормони кои се предизвикувачи на подобро расположение. Покрај тоа, зголеменото количество на овие хормони можат да придонесат и во заштитата од Алцхајмерова болест, деменција, но и болести на срцето.

Спанаќот, авокадото и бананите се намирници богати со фолати, па научниците топло препорачуваат да ги имате при рака во борбата против сивите мисли.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Silhoutte of desperate teenager praying on abstract background

- Реклама -