Владимир Владимирович Путин, роден на 7 Октомври 1952, во Ленинград како најмлад син на брачниот пар Владимир Спиридоновиќ Путин и Марија Ивановна. Иако од завршувањето на војната поминале седум години, воените лузни нанесени од германското окупаторство биле сеуште видливи во оскудните и примитивните животни услови. Сталиновата мегагаломанија во пост-воениот период се претворила во параноја со која се тежнеело да се остане на власт по секоја цена. Лојалните граѓани на СССР биле во постојан страв од репресивната власт. Во таква мачна атмосфера, страв и анксиозност започнал и животот идниот претседател на Руската Федерација и можеби најмоќниот политичар на денешницата.
Брачниот пар Путин пред Владимир имале и два сина, Алберт и Виктор, родени во 1930-тите години. Алберт починал во своето рано детство, додека Виктор го загубил својот живот во времето на германската окупација. Марија била работничка во фабрика, а Владимир регрут од советската морнарица за која служел во триесетите години. На почетокот на војната Владимир служел во одделотза уништување, во склоп на НКДВ, а подоцна бил префрлен во регуларните трупи каде што бил ранет во битка 1942. Бабата на Путин била убиена од Германците во Твер 1941, а неговите вујковци исчезнале без траг додека биле на бојното поле.
Таткото на Путин бил крут и тивок човек, дури и лугето кои го познавале понекогаш се чувствувале заплашени од него. Татковото воено искуство оставило голем белег врз синот Владимир. По војната, постариот Владимир продолжил да работи во фабриката Јегоров која градела патнички вагони за државната железница. Како член на Комунистичката партија, Владимир станал партиски претставник на фабриката и се грижел за редот и дисциплината. Работејќи се стекнал со една соба со големина од педесет и четири метри квадратни, во еден разрушен апартман на петтиот спрат во објект кој во деветнаесетиот век функционирал како зграда на улица Басков 12 близу Ленинградската централна авенија. Семејството Путин таму се вселило во 1944. Просторот го делеле со уште две семејства и во истиот останале да живеат уште две децении.
Марија го родила Владимир десет дена пред својот 41 роденден. По толку патење и загуби, Марија го гледала својот син како да е вистинско чудо. Работела секаков вид на работа, од чистење по згради до испорачување на леб. Својот простор на живеење го делеле со уште еден пар. Младиот Владимир, единственото дете во комунален стан, голем дел од времето го поминувал со лиќето со кои го делеле својот стан. Тие станале неговите заменски баба и дедо. Жената која ја гледал како своја баба, Ања, исто како и неговата мајка била многу религиозна. Руската православна црква во тоа време била угнетена од комунистичкиот режим и за тоа време нејзината моќ драстично ослабела, се до завршувањето на војната по што таа повторно станува многу влијателна.
На 21 Ноември кога Владимир бил стар само 7 недели, бабата Ања и Марија го однеле во црква каде што тајно го крстиле бидејќи Марија се плашела дека може да дознаат властите. Таа исто така редовно го носела и на неделни миси. И покрај овие напори од страна на неговата мајка да го направи религиозен, лугето кои го познавале Владимир велат дека неговата блискост со соседите му го всадиле духот на екуменизмот и презирот према антисемитизмот од кој што руската култура била под големо влијание во тоа време.
Путин отсекогаш бил темпераментно момче. Неколку години подоцна тој решава да замине во авантура со своите пријатели и да се вози во патнички воз во некој непознат дел од градот. По враќањето од таа авантура, за казна добил ќотек со каиш од својот татко поради непослушноста која ја покажал. Дворот околу нивната зграда бил привлечно место за пијаници, пушачи и лиге кои не буквално не знаеле што со себе. Познаниците на Владимир велат дека таквиот начин на живот го направиле Владимир груб, но и способен да се снаоѓа и да се одбрани од навреди и закани.
Во 1960 младиот Владимир тргнал во основно училиште број 193, кое било лоцирано блиску до зградата во која живеел. Марија не го пуштала да оди во градинка, најверојатно поради претпазлиост бидејќи во тоа време градинките биле преполни. На Владимир во детството и тоа како му недостасувала социјализација со деца. На првиот ден во училиштето, тој на својата учителка не и подарил цвеќе туку некоја билка во саксија. Во училиште бил мрзоволен и често знаел да избувне од нервоза, веројатно и малку размазен. Тој секогаш бил главен предизвикувач на проблеми во училницата. Бил фатен како носи нож во улилиште и повеќе пати добивал укор поради деликвенциите кои ги правел. Од тие причини Владимир и закана од партискиот комитет дека че биде испратен во поправен дом.
Путиновото однесување на почетокот го одалечило од пионирите, до трето одделение тој бил еден од ретките ученици кои не се придружиле на комунистичката организација поради што неговиот татко се чувствувал многу разочаран и неуспешен во воспитувањето на својот син. Путин своето незадоволство потоа го изразил преку бунт против својот татко, а и целиот систем околу себе. Неговата учителка постојано го изразувала своето незадоволство од односот на Владимир. Од таа причина неговите родители решиле да го доведат во ред. Татко му го притискал да започне да тренира бокс, меѓутоа Владимир за кратко време се откажал од боксот и започнал да тренира боречки вештини и да не ја почитува желбата на своите родители. Неговиот тренер морал да ги убедува родителите дека таму не ги учат на ништо лошо, напротив.
Кон маалскиот шивот и тамошните соседи кои претходно го интригирале Путин, сега чувствувал само презир, како и према алкохолот, мрзеливоста и нередот. Боречките вештини биле се што сакал. Од таа причина започнал да се труди да биде добар и во училиште и да има добри оцени. И навистина, до шесто одделение неговото поведение било многу пдообро. Потоа тој е примен во пионири на една церемонија во селото Уљановки кое поодамна било познато како Саблино. Во тоа село некогаш живеела сестрата на Ленин. По неколку недели тој станал водич на пионирите во своето училиште. До одмо одделение тој бил еден од првите деца кои влегле во младинската комунистичка организација. Тој наскоро открива кој е патот по кој сака да оди.
Во 1965 во СССР имало свечено одбележување на 20-годишнина од победата над нациситичка Германија. Во јавноста преовладувала носталгија за деновите на најголемата руска победа во историјата. Еден од најпопуларните романи во тоа време бил „Штит и меч” од Вадима Кожевникова, воен дописник за Правда. Романот говорел за советскиот таен агент Александар Белов кој престојувам во нацистилка Германија и се преправал дека е германски известувач. Три години по издавањето на овој роман, ова сценарио е преточено во долгометражен филм кој траел повеќе од пет часа. Тој бил најпопуларниот филм во Советскиот Сојуз во 1968 кој и оддавал чест на КГБ. Филмот е резултат и на напорите кои ги вложувал новиот раководител на КГБ Јуриј Андропов, кој посакувал да го врати сјајот на КГБ и да го промени неговиот имиџ од тајна полиција одговорна за терор во организација која че го штити советскиот поредок.
Путин бил толку восхитен од овој филм поради што откако првпат го гледал, на 16 годинашна возраст, решил да стане шпион. Така тој самоиницијаивно влегол во средиштето на КГБ во Ленинград и се аплицирал да стане дел од КГБ. Се распрашувал кој факултет најмногу му одговара земајќи ја предвид неговата амбиција. Одговорното лице кое најпосле го прима Владимир на разговор, му одговара дека правниот факултет е најсоодветен за него и така тој одлучува во кој правец да го насочи своето образование.
Владимир кокетирал со западната култура, ги слушал Битлси, во еден период свирел и гитара која ја добил на подарок од војот татко. Иако 60-тите години се сметаат за рушење на репресијата и стагнацијата во СССР, неговите тинејџерски години биле далеку послободни од генерацијата на неговите родители. Неговото семејство не било во редовите на елитата, но сепак живееле малку подобро од другите. Родителите на Путин во својот стан имале и голем црн телефон што во тоа време било привилегија и реткост.
Средното образование го завршил во училиштето број 281. Во училиштето не бил многу популарен. Често бил дрзок, опседнат со спорт, но сепак мнгу вреден. Иако изучувањето на техничките предмети му гарантирало место на престижниот технички факултет, тој преферирал да ги изучува хуманистичките предмети како книжевност и историја. Владимир го изучувал и германскиот јазик уште од четврто одделение. Таквиот аскетски живот, посветен на спорт и училишните обрски во подоцнежниот перод вродил со успех. Во последните години од средното образование се посветил на пријавните испити со цел да добие место на ленинградскиот универзитет, еден од најпрестижните во СССР. Шансите да го примат на тој универзитет биле мали, но есента 1970 тој успеал да се запише, токму онака како што му сугерирал раководителот на КГБ две години претходно.
И како студент посветувал многу време на натпреварите по џудо, апстинирајќи од алкохол и цигари со цел да остане во добра физичка форма. Одбил да се придружи на универзитетскиот џудо клуб и останал верен на својот тренер во клубот Труд. Станал џудо-мајстор во 1973 и се натпреварувал на неколку регионални натпревари. Често патувал. Ги посетил Молдавија, Грузија, а во една прилика со своите пријатели се качил и на траект кој за Одеса со малку пари и неколку конзерви месо за да се прехранат. Во 1972 Марија освоила автомобил на лотарија. Во тој период можела да го продаде за 3500 рубљи, но решила да му го подари на Владимир во време кога ретко и кој од возрасните поседувал автомобил.
По четири години на факултетот, доаѓа моментот кога му приоѓа некој мистериозен човек за кој подоцна се дознава дека е член на КГБ. Тој и понатаму посакувал да стане шпион, но кога тој момент навистина дошол за него било вистинско изненадување. Човекот никогаш не се претставил кој е и од каде доаѓа. Тие разговарале преку телефон и подоцна се сретнувале во просториите на факултетот. Путин минувал низ различни проверки и испрашувања. Последнит чекор бил разговор со неговиот татко во јануари 1975. Средовечниот управител, Димитриј Ганцеров разговарал и со таткото на Путин кој се изјаснил дека Владимир им е најважен нему и на неговата жена, бидејќи тој е единственото нешто што го имаат по загубата на двата постари сина.
Иако Владимир бил запознаен со дејностите на КГБ во текот на минатото, прогонот на државни непријатели во и надвор од СССР, не бил многу оптеретен со тоа и сметал дека е должност на советските граѓани да соработуваат со КГБ. Сметал дека тоа е патриотска должност на секој граѓанин. Конечно, по завршувањето на студиите летото 1975 тој влегува во редовите на КГБ и со тоа завршува едно поглавје од неговиот живот, поглевје од неговата младост, растењето и образованието. Во тој момент детските сонови се претвораат во стварност која е секако поразлична од она за кое што тој сонувал. Сепак тоа е стварноста која Владимир Владимирович Путин ја одбра за себе.