Lamborghini го претстави единствениот примерок на 5-95 Zagato за време на Concorso d’Eleganza Villa d’Este. Возилото е посветено на 95-годишнината на италијанската марка и се базира на Gallardo LP570-4.
Дизајнот е дело на Zagato, како визија е доста екстравагантен и различен од сите модели што Lamborghini ги има. Покривот е поделен на два дела, предниот дел има овална форма со голема решетка. Издувниот систем е позициониран централно, што според производителот ја открива „бруталноста на механичкиот дел од машината“.
Овој автомобил ќе биде единствениот од ваков вид, односно засега не се предвидува производство на други примероци.