Пет години откако го шокираа автомобилскиот свет со претставувањето на она што во основа беше електрична верзија на Лотус Елис, Елон Маск, генералниот директор и основач на Tesla Motors, го претстави својот прв целосно оригинален автомобил, Model S.
{youtube}JUFfk7GxEuw{/youtube}
Маск најави дека ќе создаде и „верзија со високи перформанси која ќе забрзува од 0 до 100 километри на час за 4,5 секунди. Побрзо и од Порше 911 Карера.“ Публиката на претставувањето, нормално, полуде. Стотици посетители веќе го имале тестирано автомобилот на паркингот возејќи со брзини од над 110 километри на час кога Маск донел црвен пред-продукциски Тесла Model S “Beta” демонстратор на сцената поставена во американската фабрика на Тесла (која Тесла ја купи од Тојота и ја пренаменуваше за дел од сумата со која би се изградила нова фабрика).
{youtube}WRIOV23qx10{/youtube}
Продукциските верзии на Model S ќе започнат да излегуваат од фабриката во средината на 2012 година. „Нафтените компании рекоа дека електричните автомобили не можат да работат, вистината е дека тие не сакаат тие да работат“ додал Маск „Но, еве го. Тие би рекле дека овој автомобил е еквивалент на еднорог. Епа вечерва имвате шанса да јавате еднорог.“ По качувањето на автомобилот на сцената, Маск излезе од саданот заедно со уште седум патници и нивниот багаж.