Nissan го претстави првиот автомобил во светот, што свети во темница.
Јапонскиот автомобилски гигант Nissan успеа да создаде возило кое свети во мракот.
Автомобилот се вика Leaf (во превод „лист“) и е создаден како резултат на заедничката работа меѓу Nissan и компанијата Starpath која прави хај органски облоги.
Leaf им нуди на идните сопственици помеѓу 8 и 10 часа светење во темница, а самиот слој треба да издржи до 25 години. Во моментов автомобилот уште не е прогласен за продажба, но Nissan го гледа како еден предвесник на иднината, кога соларната енергија ќе се користи за да се напојуваат возила без никакви трошоци и штети на природата.
Погледнете го автомобилот во акција, во ова промотивно видео: