Претседателот Пендаровски не гледа никаква причина за било какви измени на Уставот

Вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот ниту е побарано од бугарска страна, ниту претседателот на државата Стево Пендаровски очекува тоа да се случи, затоа што усвојувањето и евентуалните амандмани на Уставот се исклучиво наше суверено право и надлежност – велат од кабинетот на претседателот за „Слободен печат“, во однос на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека „немаат резерви“ (без да потенцира кои се „тие“ што немаат резерви) Бугарите да бидат споменати во Уставот.

Од Кабинетот на Пендаровски велат и дека претседателот, во овој момент, не гледа никаква потреба од било какви измени на Уставот.

 

- Реклама -