Правилно сушење на косата

Веројатно ви се случило по миењето даја сушите косата и таа да не изгледа и приближно онака како што сакате. 

Тоа не се должи на шампонот или маската, туку на начинот на кој што ја сушите косата.

Во тој контекст, еве неколку совети.

 Несоодветна четка за коса

Најголемата грешка која можете да ја направите при сушењето е да користите метална четка. Металот се загрева пребрзо кога ја сушите косата со фен, а со тоа и самата коса се загрева. Затоа најдобро е да користите тркалезна четка направена од синтетички и природни влакна.

Топлина и жежок воздух

Ако имате кадрава коса подобро не ја сушете така што фенот ќе го вклучите да произведува најголема топлина. Општо се препорачува кога ја сушите косата со фен тоа никогаш да не го правите со најголема топлина, затоа што на тој начин косата станува сува, а како резултат на тоа нема да можете да ја обликувате како што сакате.

Подолго сушите коса на едно место

Иако е точно дека ако подолго го држите фенот на едно место, побрзо ќе се исуши косата, немојте да го правите тоа. Наместо тоа раката нека ви биде постојано во движење.

Начинот на кој ја држите четката

Гледајте да ја држите четката вертикално, а фенот хоризонтално. На тој начин правилно ја сушите косата.

Дел по дел

Најпаметно е да ја сушите косата дел по дел. Прво со четката сушете тргнувајќи од темето, па надолу, а кога косата ви е речиси сува одвојте ја во прамени. Потоа сушете ги врвовите од прамените така што ќе ја повлекувате четката од темето кон врвовите.

Не ја тегнете косата

Откако ќе ја одвоите во прамени, немојте силно да ја тегнете косата со четката бидејќи ќе ја искинете. Потребно е повнимателно да постапувате со неа, ако сакате да делува здраво и негувано. Тоа значи дека е потребно повеќе пати да минете со четката низ еден прамен.

- Реклама -